Настани во Ресорт Маврово

Во престојната 23/24 Ски сезона ни престојат низа концерти и културни случувања во нашето омилено скијалиште. Забавата продолжува и оваа сезона со многу гости и настани скроени за гостите од сите возрасти.

Календар на настани

Често поставувани прашања...

Што ако настанот е откажан?

Во случај на ОТКАЖАНИ или ОДЛОЖЕНИ НАСТАНИ, Ресорт Маврово ја има следната политика: За ОТКАЖАНИ настани во рок од 7 (седум) работни дена ќе Ви бидат вратени парите за влезниците купени преку Интернет (online). За ОДЛОЖЕНИ настани навремено ќе бидете информирани од страна на организаторот за датата и местото на настанот. Доколку терминот за одложениот настан не е во согласност со вашите активности, влезниците ќе ви бидат заменети со влезници за друг настан или парите ќе ви бидат вратени.

Како да купам карти?

КАКО ДА КУПАМ? Доколку купувате за првпат, следете ги чекорите што се дадени како инструкции за успешно купување. Купувањето преку events.resortmavrovo.com се одвива лесно, брзо и пред сè безбедно Се што треба да направите е следно:



1. Од почетната страна да го изберете настанот за кој сакате да купите карти. Со кликање на сликата од настанот се отвора нова страна која Ви нуди детални информации за настанот како и копче "Купи Карта" преку кој можете да продолжите со процесот на избирање на карти.



2. Следен чекор е да изберете локација да ја селектирате истата од оние кои Ви стојат на располагање. Системот автоматски ги префрла во кошничка избраните карти.


3. Откако сте провериле дека сите посакувани карти се ставени во кошничка, кликате на копчето РЕЗЕРВИРАЈ


4. Системот ве носи на страна каде треба да ги оставите Вашите податоци и да криерате профил а доколку истото го имате направено, потврдувате дека внесените податоци се точни и проверувате дека сите полиња се правилно пополнети.



5. Ги внесувате потребните информации како број на платежна картичка, датум на важност и сл. и кликнете на копчето "ПРОДОЛЖИ". По успешната трансакција, Вашите билети ќе бидат купени а на екранот ќе добиете порака со текст "Вашата трансакција е успешна"


6. Доколку сте добиле таква порака, картата е Ваша! Во Вашиот профил како и на e-mail адресата, која ја оставивте при регистрацијата, ќе добиете потврда и електронски ваучери во ПДФ формат.


7. Доколку на екранот добиете порака "Вашата трансакција е откажана" потребно е да го започнете процесот од почеток и при последниот чекор да се уверите дека точно ги внесувате податоците од Вашата платежна картичка, заедно со трицифрениот код што се наоѓа на задната страна од картичката. Дополнително, потребно е да проверите дали имате доволно средства на Вашата сметка.

Моја кошничка

Вашата кошничка е празна.

1